Student Organized Medical Ass.
Login
Register
Student Organized Medical Ass.
Login
ДЕНЕС ДАРУВАШ УТРЕ СПАСУВАШ

На 11.12.2025 година (четврток), во периодот од 09:00 до 14:00 часот, во Центарот за трансфузиологија при Клиничка болница – Штип, беше одржана крводарителска акција, организирана во чест на нашата колешка Сашка Јованова, со искрена љубов, почит и хуманост.

Настанот обедини голем број хумани луѓе кои со своето присуство и подготвеност да даруваат крв покажаа солидарност, емпатија и грижа за другите. Акцијата претставуваше силна порака дека преку заедништво и хуманост можеме да направиме реална разлика во животите на оние на кои помошта им е најпотребна


Со цел подигнување на свеста и подобра информираност, во продолжение споделуваме основни информации за значењето на крводарителството.

👉 Дарувањето крв е чин на хуманост со кој се спасуваат човечки животи и се обезбедува неопходна поддршка во лекувањето на пациенти со различни здравствени состојби – од итни интервенции и хируршки зафати, до долготрајни терапии.

🩸 Една единица дарувана крв може да помогне на повеќе пациенти и претставува незаменлив ресурс во секој здравствен систем. Потребата од крв е постојана, а резервите зависат исклучиво од доброволните крводарители.

🙌🏼 Преку ваквите акции се поттикнува хуманоста што нè обединува, се јакне чувството на заедништво и се гради култура на грижа и одговорност кон другите.

Со искрена благодарност до сите учесници и дарители,
 продолжуваме да ја негуваме хуманоста што спасува животи. ❤️