Иницијативата на студентите е поддржана од Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип , како и од сите студентски организации при УГД како Универзитетското студентско собрание, Факултетските студентски собранија при УГД, медицинската организација СОМА, иницијативата Еразмус-УГД Штип и многу други.
Со ова студентите сакаат да покажат хуманост и обединетост. Акцијата е наменета за сите студенти и вработени од сите факултети при УГД.
Доколку не сте се придружиле на нашиот тим на крводарители, Ве молиме придружете се, затоа што помошта и поддршката се двигатели на нашето општество!
Ве повикуваме да бидете храбри и хумани, да имате сочувство за другите и да верувате на процесот на крводарување, бидејќи само така можеме да спасиме многу животи!
• Со дарување на една единица крв може да спасите и до 3 животи.
• Дарувањето на крв е едноставна процедура која трае 6-10 минути.
• Целокупниот процес трае околу 30 минути.
• Секој првократен дарител после дарувањето добива картонче за возач со крвна група и Rh фактор и дарителска книшка.
• Со 10 дарувања се стекнува правото за ослободување од парципитација за здравствените услуги, со што голем дел од нив стануваат бесплатни.
Дарувањето крв не ве чини ништо, но тоа може да биде бесценето за некој кој што има потреба.